Прашок за пециво решение за мрсна коса

popara23 март, 20181min00
12

Иако на пазарот денес постојат многу препарати наменети за мрсна коса, се повеќе жени се одлучуваат за органски производи, па не ретко посегнуваат по рецептите на своите баби со цел косата да им биде убава и здрава.

За целта ќе ви биде потребна една лажица прашок за пециво растворен во малку вода. Смесата пред употреба добро измешајте ја и нанесете ја на темето и масирајте неколку монути.

После 10 минути исплакнете ја косата со јаболков оцет растворен во вода во сооднос оцет-вода 1:2. Оставете оцетот да делува уште десетина минути, па исплакнете само со вода. Не плашете се дека вашата коса ќе мириса на оцет. Оцетот е супстанција која брзо испарува.

Можеби ќе забележите дека вашата коса на почетокот чудно реагира на оваа комбинација од прашок за пециво и оцет, но не грижете се бидејќи се ќе си дојде на свое место после само неколку третмани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag