Српската пејачка Гога Секулиќ е трудна и го очекува своето прво дете со вереникот Урош Домановиќ.
Во моментот Гога ги живее своите најубави животни мигови, имајќи во предвид дека е пресреќна што ќе стане мајка.
Пејачката и нејзиниот избраник долго посакувале принова, па најголемата желба конечно ќе им се исполни.
“Точно е, трудна сум. Многу сме среќни и Урош и јас. После се што ми се случи во животот, сега сум баш возбудена”, ги потврди Гога убавите вести.