Причина повеќе да јадете зеленчук

popara28 август, 20181min00
ббб

Истражувањата покажуваат дека консумирањето на одредени зеленчуци го намалува воспалението во цревата и го намалува ризикот од рак на дебелото црево.

Зеленчук како зелка, карфиол и брокула го спречуваат развојот на рак на дебелото црево, покажа една нова студија.

Истражувањето спроведено од Институтот Френсис Крик во Лондон покажа дека одредени хемикалии кои го содржат овој зеленчук го намалуваат воспалението на цревата и дебелото црево, со што се штитат од рак на цревата.

Оваа студија ги истражуваше придобивките од јадење на храна богата со индол-3-карбинол (I3C). Оваа супстанција се произведува во организмот по воведувањето на исхраната од семејството brassica, како што се брокули, карфиол, прокељ, зелка и кељ.

Истражувајќи, научниците открија дека присуството на I3C го спречува воспалението на цревата и развојот на ракот преку активирање на протеинот наречен aril hidrokarbon receptor (AHR).

Првиот ефект кој го имаат забележано е спречување на воспалување на цревата, така што AHR испраќа сигнал до имуните клетки и епителните клетки. Како последица на тоа, постои помал ризик за развој на рак на дебелото црево.

Со спроведување на експеримент на лабораториски стаорци, беше откриено дека кај оние стаорци со веќе развиен рак, со префрлување на режимот на исхрана кој содржи I3C,  тумурот значително се намалува и е бениген.

Резултатите од овој експеримент доведоа до заклучок дека консумирањето на одредени видови храна имаат важна улога во спречувањето на некои форми на рак.

Д-р. Џита Стокингер вели дека на развојот на оваа болест имаат влијание и други фактори, како што е генетиката, но дека здравата исхрана е еден од најефикасните начини за спречување на болеста.

„Овие откритија се причина за оптимизам, не можеме да ги смениме генетските фактори кои го зголемуваат ризикот од рак, но можеме да го намалиме ризикот со консумирање на овој зеленчук“, инсистира д-р Стокингер.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag