![Prince Harry and Meghan Markle Visit Reprezent](https://popara.mk/wp-content/uploads/2018/01/7-8.jpg)
Петтиот наследник на британскиот престол заведе многу убавици, меѓу кои манекенки, водителки и пејачки, но неговото срце засекогаш го украде американската глумица Меган Маркл. Една од причините што баш оваа 36-годишна убавица го заведе принцот Хари е креативноста и смилслата за хумор кои ја красат. Со денови се зборуваше како ја воодушевила кралицата Елизабета кога за Божиќ и го подарила познатиот слатко-кисел сос – Чатни ( chutney).
Дека Меган не е само духовита стана јасно во текот на официјалната кралска посета на Финска стигна и првиот подарок за Меган – кецела за во кујна! Финските официјални лица со овој подарок алудираа на моментот кога принцот Хари ја запросил Меган во кујната додека печеле пиле.
– Бевме во викендицата и печевме пиле. Одеднаш ме запроси. Беше некако природно, романтично и слатко – изјавила Меган.