Судејќи по пишувањето на странските медиуми, на љубовта меѓу фудбалерот Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија Бекам и дошол крај.
Викторија и Дејвид Бекам се во брак 20 години. Извор, близок до парот открива дека тие повеќе не живеат заедно.
„Многу се трудам, да бидам најдобра мајка на свет, најдобра сопруга и најдобра во бизнис светот. Штом дојдам дома, го оставам телефонот за повеќе време да им посветам на децата и на Дејвид“, рече таа за “IN Touch Weekly” пред неколку дена.