Инстаграм е мрежа каде секојдневно можете да најдете уметност и „селфи“ слики. Многу од нас може слободно да се наречат мајстори за правење „селфи“ фотографии, затоа што поминуваме со часови позирајќи пред огледало за да ја најдеме најдобрата поза каде изгледаме најдобро. Ако не ве освои познатата Викторија Бекам поза (онаа со крената нога), можеби новиот тренд ќе биде ваш фаворит.
Преведено, би значело „риба на јадица“, а веќе е омилена позна на познатите лица, како Кендел и Кајли Џенер, Селена Gомез и Бела Хадид. Со поставување на прстот на усните, се привлекува вниманието кон нив, и ако можеби изгледа интересно, помалку е невкусно. Зошто? Па за почеток, асоцира на орален секс, што и не е толку страшно, ама сепак претставува погрешна слика и испраќа погрешна порака.
Ама ако немате проблем со тоа, време е да ја испробате позата и да соберете повеќе срциња.