Празничната Fenty Beauty колекција изгледа фантасично!
Обожавателите се уште не се опоравија од излегувањето на новиот кафеав кармин и палетата на хајлајтери од линијата Fenty Beauty, а Ријана веќе им подготви ново изненадување.
Станува збор за празничната колекција наречена CHILLOWT, а судејќи по првите фотографии, ова би можела да биде една од најдобрите колекции на Fenty beauty досега. Како што имавме можност да видиме пред неколку дена, на Ријана и се допаѓа металик шминката, а оваа колекција е преполна со металик кармини и сенки за очи. Од поларни пастелни нијанси до топло златни и црвени тонови, откријте што ни подготви Ријана за зимата која доаѓа.