Состојки:
- Модри патлиџани – 300 грама
- Тиквички – 300 грама
- Коморач – 120 грама
- Сос од домати и печурки (готов) – 2 тегли
- Маслиново масло – 4 лажици
Модрите патлиџани расечете ги на пола сантиметар дебелина парчиња, посолете ги и оставете ги да отстојат 30 минути на хартија.
Тиквичките расечете ги долгнавесто, а потоа заедно со подготвените патлиџани ставете ги во тава за печење и потпечете ги.
Тиквичките ставете ги врз патлиџаните и завиткајте ги во ролати, а во средината ставете коморач расечен на долгнавести парчиња.
Сосот од домати и печурки ставете го во сад за печење, врз него ставете ги ролатите и печете ги околу 10 минути во загреана рерна на 200°C.