ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 модри патлиџани
* сол
* 50гр ориз
* 2 главици кромид
* 2 чешниња лук
* 1 врска босилек
* 100гр пире од патлиџан
* 150гр мелено месо
* 5 лажици масло
* бибер
* 3 лажици крем сирење
* 100мл бело вино
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечете ги модрите патлиџани на тенки кришки, ставете сол и оставете ги да пуштат вода.
Обарете го оризот. Исецкајте го босилекот, лукот и кромидот. Исецкајте го патлиџанот.
Пропржете ги во масло кромидот, додадете го лукот и месото, па на крајот босилекот.
Отстрабете ги од огнот па додадете го оризот и крем сирењето. Загреете ја рерната на 200 степени.
Исушете го модриот патлиџан, па на секоја кришка ставете од подготвената смеса и малку сос од патлиџан.
Завиткајте ги во ролна, зачврстете ги со чепкалка за заби и наредете ги во подмачкан ватростален сад. Додадете вода. Печете 15 минути.
Подготвените ролнички украсете ги со свеж босилек.