Преживеал пад на авион во кој загинале 49 лица и тврди дека една бизарна околност му помогнала да преживее

27 март, 20180
12

Дајарам Тамракар во понеделникот преживеал пад на авион во кој загинале 49 лица, а како што рекол за медиумите, животот му го спасило тоа што не пиел алкохол.

Туристичкиот водич кој преживеал авионска несреќа рекол дека најверојатно го спасило тоа што во текот на летот не консумирал алкохол и тоа што не заспал. Според неговите зборови, бил потполно свесен и успеал да се ослободи кога авионот кој летал над Бангладеш паднал покрај аеродромот на Катманду, по што се запалил.

Дајарам успеал да стане од седиштето, да ја скрши вратата и да им помогне на другите патници, пред самиот да скокне на безбедно, откако пожарот го зафатил авионот.

Од авионот кој пренесувал 67 патници, преживеале уште 22 лица.

– Кога некој кажа дека избил пожар, моравме да го напуштиме авионот. Станав и погледнав назад, и видов дека опашката е во пламен. Војската и итните служби брзо реагираа, што веројатно помогна да се спасат голем број на луѓе – рекол тој.

Во близина на меѓународниот аеродром во Катманду се наоѓа воен камп, кој го обезбедува просторот и дава помош во вонредни ситуации, пишува “Daily Mail”.

Тамракар рекол дека забележал дека авионот, кој се подготвувал за слетување, летал премногу ниско, а неколку моменти пред да удри на земјата луѓето почнале да врискаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi