Саудиски принц потрошил милијарда и 250 милиони долари на три нешта!
Саудискиот принц Мохамед бин Салман гостувал во емисијата 60 минути, а одговарал на прашања за женските права, затворањето на саудиските принцеви, но и за своето богатство.
Принцот Бин Салман минатото лето ветил дека жените ќе можат да возат автомобили во Саудиска Арабија и тоа ветување го исполнил.
„Жените се апсолутно рамноправни со мажите. Сите сме човечки суштества и помеѓу нас нема никаква разлика“, рекол Бин Салман.
Бин Салман не крие дека е богат и дека сака да го троши своето богатство.
Во медиумите се појавила информација дека купил јахта за 500 милиони долари, француски дворец за 300 милиони и слика за 450 милиони долари.
„Што се однесува до моите приватни трошоци – богат сум, не сум сиромашен. Не сум ни Ганди ни Мандела“, рекол Бин Салман.