Популарната Кардашијан не крие дека нејзиниот живот не е ист како што беше и зборува за нејзиниот однос со сопругот.
Поради љубовта сме способни да правиме неверојатни работи.
Ким Кардашијан откри какви жртви направила поради бракот со раперот Кајне Вест и зошто се променила како личност.
Кога имате партнер како Кајне, мора да научите да не бидете премногу самостојни. Секогаш бев независна жена, но сега кога имам сопруг, кариера и дете … морав да престанам да бидам таква. Ова го научив преку врската со човек каков што е Кајне “, изјави Ким за списанието “US magazin“.
Кардашиан рече дека му дозволува да биде “онаков човек каков што сака да биде“. „Му дозволувам да ги негува своите мисли и ставови, дури и кога тие се поразлични од моите “, вели Ким.
https://www.instagram.com/p/BoaqM34HrAc/?utm_source=ig_embed
Таа отворено зборува за развојот на нејзината личност преку врската и бракот со Вест. Во тоа време кога ја започнав врската со Кајне, секој потег мораше да биде јавен. Денес, кога имам слободно време, се прашувам: каде можеме да одиме да јадеме, да се одмориме и да не видиме никој? Се што сакам е приватност “, вели Ким Кардашијан.
Ким Кардашијан и Кајне Вест имаат три деца.