Популарната пејачка Сека Алексиќ, на 14. април ќе ја израдува српската публика со голем солистички концерт.
По тој повод, таа одлучи да ги израдува фановите со нов спот и сингл “Фолирант”, кој премиерно беше претставен во една емисија.
– Само што слетав и ме дочекаа неколку коментари од моите пријатели, милион нотификации на сите социјални мрежи, па неможам сега сето тоа да го постигнам, но, во принцип, луѓето се воодушевени од спотот, мојот изглед, песната. Јас искрено се надевам дека ова ќе биде добра песна и дека ќе им се допадне – изјавила Сека.
Таа додава дека пред концертот ќе објави уште една песна.
– Темелно бирав кои песни и синглови ќе се најдат на репертоарот на концертот. Ова е првата, а вториот сингл планирам да го издадам во март. Постојано сум во студио, полека ја снимам рекламата за концертот, правам промо фотографии и не застанувам – се пофалила пејачката.
– Исклучително се радувам. Немам трема, но возбудена сум. На секој му е сон да има голем солистички концерт, мене ми е ова втор по ред.