Сека Алексиќ, која во 2016.година конечно стана мајка, признава дека посакува и второ дете со сопругот Вељко Пиљкиќ, се радува и открива дека не и е важно дали малиот Јаков ќе добие братче или сестриче.
– Како млад брачен пар ние тоа го посакуваме секако, па ако даде Господ, ќе се случи – открива пејачката.
Сека признава дека и е важно само да добие уште едно дете, но не и дали ќе биде момче или девојче.
– Сеедно ми е. Мене и првиот пат ми беше сеедно, така да апсолутно не е важно дали ќе биде момче или девојче, само да е живо и здраво.
Таа исто така изјави и дека Јаков е по малку љубоморен кога неговите родители разменуваат нежности, па верува дека таков ќе биде и кога ќе добие брат или сестра.