Секогаш во тренд: Високите потпетици на кралицата Летиција го имаат најпопуларниот детаљ за есента 2018

popara17 септември, 20181min00
л1

Елегантната шпанска кралица секогаш е облечена по последната мода, а во својата облека со леснотија внесува и важни трендови, резервирани само за најзначајните.

45-годишната кралица Летиција веќе влезе во новите парчиња  есенска облека и ги воодушеви сите на аудицијата на здружението “Професионална женска мрежа Мадрид” во палатата Зарзуела.

Секогаш елегантната Летиција за дружењето со бизнис жените беше облечена во фина светлосина маичка со долги ракави, која беше како слеана на неа, со лелеаво темно сино здолниште со флорални мотиви и линии на половината.

Во потрага по плисираното здолниште кралицата уште еднаш се сврте кон еден од своите модни миленичиња, брендот Бос, кој е вистински првак кога станува збор за деловната елеганција.

При изборот на чевли остана верна на шпанскиот бренд Margit, чии чевли и чизми честопати ги носи, а овој пат се поигра и со моделот што модните умови го најавуваат како вистински хит за сезоната есен/зима 2018/2019.

Имено, со интересни исечоци, сините салонки на секогаш дотераната кралица, кои на своите стапала во следните месеци ќе ги носат бројните тренди дами, ги разубавува и примерокот од змијска кожа.

Ако и на вас ви се допаѓа повторно модерната “змија”, погледнете ги во нашата галерија чевлите со овој дезен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag