Клои Кардашијан го очекува своето прво дете со кошаркарот Тристан Томпсон.
Откако и најмладата родена сестра на Ким Кардашијан потврди дека е во благословена состојба, светските медиуми истакнаа дека е во прашање вистински бебе бум во семејството Кардашијан.
Ким и Кјли неодамна се остварија во улогата на мајки, а Клои брои ситно до породувањето, а како што пишуваат медиумите, американската ријалити sвезда носи момче.
Таа позираше во осмиот месец од бременоста и блесна во гламорузен фустан кој го надополни со црн џемпер. Шминката и модните додатоци дополнително придонесоа за нејзиниот секси изглед.
– Она што треба да се случи секогаш ќе го пронајде патот – гласи краткиот коментар под обајавата.