Храната е вашиот најдобар сојузник во борба со вирусите, но само ако правилно ги одбирате намирниците. Јадете се, нешто повремено, некои умерено, а нешто секојдневно.
ЦРВЕНО СВЕТЛО: САМО ПОВРЕМЕНО
Бел шеќер повеќето од нас го консумираат почесто отколку што треба, бидејќи делува како стимуланс, извор на енергија и добро расположение. За жал, ефектите се краткотрајни, тоа не тера да јадеме повеќе.
Црвено месо, во коеспаѓаат говедско, телешко, овчо, јагнешко и свинско месо. Колку е месото помасно, толку е поголем изворот на холестерол и заситени масти. Содржи и железо, па треба да се јаде понекогаш.
Алкохол во големи количини штети на организмот, особено на ограните за варење и црниот дроб. Но тоа не значи дека треба да се откажеме од чаша црно вино со ручекот или неколку здравици.
Бело брашно и производи од бело брашно содржат протеини со лош квалитет и скроб, кој дебелее. Недостасуваат витамини и билни влакна неопходни за нормално варење, кои се присутни во житарките.
Преработено месо како колбаси, виршли, паштети и салама го зголемуваат ризикот од болести на дигестивниот систем. Особено се опасни адитиви кои се додаваат за подобрување на вкусот на месото.
Грицките се полни со сол, јаглехидрати, адитиви и заситени масни киселини, кои докажано лошо делуваат на срцето и крвните садови. Многу се калорични, што значи дека се опасни за линијата.
ЖОЛТО СВЕТЛО: УМЕРЕНО
Домашен крем и пудинг се добра замена за чоколадни торти и колачи полни со јајца, ореви и маргарин, бидејќи содржат многу млеко. Не претерувајте, земете малку, за да ви помине желбата за благо.
Индустриски снегулки се идеални за појадок, но само ако не се полни со адитиви, рафиниран шеќер, вештачки бои и ароми, и затоа бирајте овесни или пченкарни, без никакви додатоци.
Маргарин е многу корисен ако го земате во мали количини. Се прави од растително масло, и е богат со здрави незаситени масни киселини. Не содржи холестерол кој е многу штетен.
Кари има антиоксиданс и анти-воспалителни ефекти. Помага кај умор и артритис, го регулира крвниот притисок и го зајакнува срцето. Многу е пикантен, и се препорачува кај лица со стомачни проблеми.
Кафе е повеќе од напиток. Не буди, ја подобрува концентрацијата и расположението, дел е од убавите ритуали, но само ако не претерувате. Со две чаши дневно вашите ментални активности ќе бидат на максимум.
Бел ориз не е нездрав, бидејќи содржи десет пати повеќе витамин Б и фолна киселина од кафеавиот ориз. Јадете умерено, бидејќи прекумерното внесување го зголемува ризикот од дијабетес тип 2.
ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: ЧЕСТО
Риба, особено морска, спаѓа во најздравите намирници, бидејќи содржи омега-3 масти, кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, карцином, мозочен удар… Јадете три пати неделно.
Јогурт содржи корисни бактерии го стимулираат варењето и ја регулираат цревната флора. Покрај тоа, го снабдува организмот со доволно количество на калциум, без кој нема силни коски и здрави заби.
Оревите се одличен извор на омега-3 масни киселини, кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести. Поради големи калорични вредности, јадете по еден грст ореви три пати неделно.
Пилешко не содржи многу маснотии, поради што е многу поздраво од црвеното месо. Полно е со витамини и лесно се вари, особено кога ќе се отстрани кожата. Најздраво е на скараи варено на пареа.
Цитрусот содржи многу витамин Ц и пектин, кој помага на организмот да се ослободи од токсините. Полни се со баласти супстанции кои го нормализираат варењетои забрзуваат губење на вишокот килограми.
Морковите се најдобар извор на каротин, без кој нема здрава и убава кожа и коса, правилната функција на црниот дроб и добриот вид. Покрај тоа, таа го ублажува уморот кој е последица на интелектуалната работа и стрес.