Изгледа дека целосно го преболела.
Странските медиуми пишуваат дека Клои Кардашијан сега е исклучиво фокусирана на ќерката Тру, а се “шушка” дека одлучила конечно да се справи со кошаркарот и татко на нејзиното дете Тристан Томпсон и му кажа: “збогум”. Откако избувна скандалот со неговото неверство само неколку дена пред нејзиното породување, нивниот однос е на тенок мраз, а ријалити звездата е моментално во Лос Анџелес, каде што е опкружена со семејството и нема намера во брзо време да се врати во Кливленд, каде Томпсон живее и игра кошарка .
„Прилично го преболе Тристан. Сеуште не е јасно како повторно се појави раздор во нивниот однос, откако му го прости неверството, но Клои моментално е одлично. Не изгледа како да се грижи што не е со Тристан во Кливленд“, изјави извор за People Magazin.
Клои од друга страна на Instagram објави мистериозна порака каде што им порача на своите следбеници дека „животот е краток за да се помине со луѓе кои ја исцрпуваат среќата од вас“ и дека „врските треба да ви помогнат, а не да ве повредат“.