Серена Вилијамс загриза во верата и нејзината ќерка нема да го слави роденденот: “Ние тоа не го правиме!”

popara31 август, 20181min00
с2

Серена Вилијамс поради верското определување на својата ќеркичка нема да и организира роденденска забава. Дури ни првата.

Денот 1 септември 2017 година, Серена Вилијамс, една од најдобрите светски тенисерки, секогаш ќе го памети – тоа е денот кога го родила своето прво дете, ќеркичката Алексис Олимпија. Девојчето дојде на светот како плод на љубовта  помеѓу спортистката и нејзиниот сопруг, милијардерот, Алексис Оханиан, кој и самиот е познат, бидејќи е соосновач на популарниот Реддит.

Се доближува првиот роденден на нивната миленичка, а Серена на конференцијата за новинари на US Open во Њујорк откри дека – нема да има прослава. “Олимпија не слави родендени”, рече таа.

Додека новинарите останаа во чудо по изјавата, на многумина им беше сосема јасно кога додаде: “Ние сме Јеховини сведоци, ние не славаме родендени”. Станува збор за верска група, односно припадниците на меѓународната христијанска верска заедница, која брои околу 8,3 милиони луѓе низ целиот свет.

Победничката на 23 Grand Slam турнирот се држи до правилата на својата вера, а едно од овие правила на службената страница на Јеховините сведоци наложува дека прославите на родендените Бог не ги сака и дека имаат пагански корени и дека не е пожелно да се слават.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag