Хрватската пејачка Северина и сопругот Игор Којиќ сакаат да станат родители. Според нивни блиски пријатели тие размислуваат за дете, а Северина неколкупати посетила приватна клиника за вештачко оплодување. Таму ги извршила задолжителните прегледи и консултации во врска со вештачкото оплодување. Според нејзините пријатели, Северина го сменила начинот на исхрана, се обидува да го намали стресот и да го подготви телото за ин витро процедурата.
30-годишниот Игор и 45-годишната пејачка се во брак скоро три години. Минатата пролет, Северина била бремена, но имала спонтан абортус. По скоро една година, двојката повторно решила да се обиде повторно.
Иако и лани долго време криеле дека Северина е бремена, во едно скорешно интервју за „РТЛ директ“, низ солзи раскажала дека имала спонтан абортус поради стресот кој го доживеала за време на судењето за старателство со Милан Поповиќ, татко на нејзиниот шестгодишниот син Александар.
„Едно дете загубив, ова нема да го загубам“, рекла таа, мислејќи на синот Александар.