Шест мотивирачки трикови за да почнете со вежбање

popara12 јануари, 20181min00
shutterstock_414095338

Додека е зима и сте покриени со многу џемпери и јакни, летните горештини ви изгледаат далечни. Со тоа го одложувате вежбањето и заборавате на фактот дека за само неколку месеци ќе треба да облечете костим за капење. За да се чувствувате убаво во него, секако и во своето тело, веќе треба да почнете да вежбате. И не само заради костимот за капење, туки затоа што вежбањето е здраво за вас и вашето тело и ве полни со енергија. За да се мотивирате, еве шест трикови кои треба да ги практикувате:

  1. Воведете го правилото на 20 минути – секако дека нема да сакате да почнете да вежбате веднаш, затоа воведете го ова правило, кое фитнес тренерите најчесто им го предложуваат на своите клиенти. Кога ви е најтешко да замислите дека можете да вежбате, одвојте 20 минути да направите лесни вежби или лесна прошетка. Ќе видите како по неколку дена ќе сакате да вежбате и повеќе од 20 минути.
  2. Размислувајте позитивно – пробајте го овој трик – визуелизирање на се добро што ви го предизвикува вежбањето, помислете на тоа се што може да направи вашето тело – пливање, трчање, играње, скокање, визуелизирајте ја сета онаа позитивна енергија по тренингот и руменилот на образите кое не можете да го добиете со шминка. Неколку минути на ден со вакви мисли и еланот за вежбање ќе дојде сам.
    Image result for вежбање
  3. Намалете ги очекувањата – морате да ја земете предвид вашата кондиција. Доколку не сте вежбале долго, сега сте слаби и не можете да очекувате веднаш да се вратите во форма, инаку ќе се разочарате. Затоа, почнете од почеток, полека, дајте си време и резултатите ќе пристигнат.
  4. Купете си нешто ново – нови патики, дури и чораши можат да ве натераат да поченете да вежбате. Нов дел од опремата за тренинг ќе ви даде дополнителна мотивација, дури и ако единствениот деле дека не сакате да ви пропаднат парите.
    Image result for вежбање
  5. Најдете друштво – сигурно имате некој околу вас кој исто така сака да ја врати формата. Здружете се, така послесно ќе врезете во рутината за вежбање.
  6. Наградете се – мотивирајте се себе си со мали награди по вежбањето. Без оглед дали се работи за нов тип на акфе, колаче или нова епизода на омилената серија, не е важно, вашиот мозок ќе функционира на тој начин дека жртвата што ја правите при вежбање вреди, затоа што следи награда.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma