Тренд за оваа сезона се опуштените лесни широки панталони кои делуваат многу шик, во нив ќе делувате повитки, а ако добро ги вклопите со остатокот од облеката, дефинитивно ќе измамите и многу погледи!
Главниот трик се состои во тоа да не комбинирате две широки парчиња. Вториот трик е да направите потенцирање на половината.
Совршено женствената и ултра згодна Синди е вистински пример за тоа како може да се облекувате дури и ако не сте во вашите 20-ти или 30-ти. Едно едноставно и едно потенцирано парче, маичка и панталони, моќна чанта и еден детаљ којшто делува луксузно. Не е тешко!
Блузата со потенцирани ракави навистина оди во комбинација со се’. Ако ја носите во комбинација со широки панталони или здолниште, не ја покривајте половината и не дозволувајте парчињата облека да ве “проголтаат”. Циклама розовата боја е едно од најголемите изненасувања за оваа сезона. Размислете за панталони токму во оваа весела боја.
Линиите владеат буквално секое лето, а ова се во центарот на вниманието. Колку повеќе потенцирани, толку подобро. Панталоните со вертикални линии нема да ве “прошират”, па слободно пробајте еден ваков пар. Тие се нападни и впечатливи а единствено е доволно да ги вклопите со едноставна бела маичка.
Фармерките успеаа да се изборат и за свое место помеѓу фината гардероба, па токму затоа вреди да се инвестира во еден пар којшто ви прилега совршено, а делува модерно. Алекса му е верна на својот британски стил кога се работи за модните комбинации, а ваквите фармерки може да ги носите речиси со се’.
Широките и шарени панталони се доволни за и вие да го проследите овогодинешниот тренд. Горниот дел во една боја во комбинација со панталони со шари е добитна комбинација. Еднобојното парче облека ќе ја смири целата комбинација, којашто пак ќе делува апсолутно одлично вклопено. И уште еден совет. Повпечатливиот дел нека биде во потемна боја, со тоа визуелно ќе изгледате многу повитки!