Што да презeмете кога бешиката ќе се воспали на ладно време

popara5 март, 20181min00
6

Недоволното затоплување и лошите чевли по дождливо и студено време во оваа доба од годината е честа причина за појава на уринарна инфекција. Бидејќи, кога телото ќе го фати настинка доаѓа до пад на имунитетот и размножување на бактериите кои ги напаѓаат уретрите (мочните канали) и бешиката.

Жените се повеќе склони на уринарни инфекции, бидејќи женскиот мочен канал е пократок, само три до четири сантиметри, така што бактериите полесно доаѓаат до него, велат лекарите. Сексуално активните жени се посебно изложени на ризикот, бидејќи бактериите кои се причинители на инфекциите директно се пренесуваат од гениталните органи во мочниот канал, додека употребата на контрацептивните спермициди и дијафрагмата ја нарушуваат вагиналната флора.

Одложувањето на уринирањето поради презафатеност со работа или поради недостаток на тоалети. исто така. можат да бидат причина за појава на овој вид настинка.

Хроничните болни, пред сè, дијабетичарите, мажите со зголемена простата, оние кои страдаат од камен во бубрезите и постарите од 65 години се вклучени во посебна група пациенти кои посебно би требало да се чуваат од настинка, бидејќи се многу поподложни на воспаление на мочните канали и бешиката.

Симптомите на уринарните инфекции не се јавуваат кај сите болни, но кај повеќето се манифестираат со зачестена потреба за уринирање на помали количини урина со чувство на недоволна испразнетост.

Болното уринирање во вид на печење или болка во пределот на бешиката, како и непријатниот мирис и матниот изглед на урината, понекогаш е пребоен црвенкасто поради присуството на крв, е јасен показател дека е неопходна помош на лекар. Можна е и појава на зголемена телесна температура, проследена со трпнење и треска, како и болка во грбот или под лаковите на ребрата, мачнина и повраќање.

Прегледот на урината е прв чекор во дијагностиката на инфекцијата на уринарниот тракт, додека уринокултура се бара кај оние пациенти кај кој овие здравствени проблеми се зачестени.

Колку што е можно повеќе течности

Покрај терапијата којашто ќе ја одреди лекар за сузбивање на уринарните инфекции се советува и интензивиран внес на течности. Водата и чаевите помагаат побрзо да се исфрлат бактериите, а доволниот внес на течности е важен и против наталожување на каменчиња во уринарните патишта. Нивното покренување може да доведе до ситни оштетувања на внатрешноста на уринарните патишта, што, пак, повторно е поволно тло за развој на бактериски инфекции.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag