Ви ги претставуваме најдобрите street-style комбинации од Париската модна недела.
Париската модна недела официјално заврши, оваа сезона успеавме да видиме многу генијални колекции, кои едвај чекаме да ги носиме следната пролет, плажата Chanel која не остави вчудоневидени, како и футуристичкиот сет од ревијата на Balenciaga.
Но, по прегледаните ревии и предвидувања за новите трендови, доаѓа нашиот омилен дел, прегледување на галеријата на уличниот стил на Париз, а оваа сезона трендсетерките навистина нè изненадија со нивните фантастични модни комбинации.
Во продолжение ги издвоивме најдобрите модни комбинации на нашите омилени трендсетерки како што Emili Sindlev, Jeanette Madsen, Erika Boldrin, Viktoria Rader, Loulou de Saison, Maria Bernad, Blanca Miro и многу други.