Мишел Обама (54) своето гостување во Центарот Беркли во Бруклин, каде што разговараше со ѕвездата Сара Џесика Паркер од серијата „Sex And The City“, го искористи за да им даде шанса на некои нови млади дизајнери кои немаат можност да привлечат внимание кон себе и својата работа.
Сите кои ја видоа го искоментираа нејзиниот аутфит.
За оваа прилика, таа одбра фустан на дизајнерот на Balenciaga и светкави високи чизми од истата марка, кои чинат околу 3.500 евра.
– „Мојата облека испраќа порака. Одлучив да го користам ова гостување и да им дадам можност на некои млади и нови дизајнери кои обично немаат шанса да добијат толку големо внимание. Затоа одбрав фустан на Џејсон Ву “, рече Мишел.
Таа неодамна објави книга во која открива досега непознати детали за нејзиниот приватен живот. Таа опиша дел од своето детство, но исто така и од семејниот живот со поранешниот американски претседател Барак Обама (57).