Лондонските трендови не престануваат да не воодушевуваат со своите модни комбинации.
Во Лондон оваа недела се одржуваше Лондонската модна недела, каде што имавме можност да ги видиме колекциите на нашите омилени дизајнери, како што се Викторија Бекам, Ердема и многу други, како и првата колекција на Рикардо Тисциј за Burberry.
Освен одличните колекции, со своите модни комбинации нѐ воодушевија и лондонските трендсетерки.
Од тренди примероци до популарните предимензионирани патики, во продолжение ви откриваме некои од нашите најомилени модни комбинации од улиците на Лондон.