Славниот Vogue мораше да се извини поради Kendall Jenner

popara24 октомври, 20181min00
kendal

Манекенката учествуваше во кампања која ја подигна јавноста на нозе!

Се навикнавме дека секогаш се крева прашина околу сестрите Kardashian / Jenner , но малку нереален ни изгледа последниот случај во кој е “вмешана” Кендал Џенер, односно познатиот магазин Vogue. Всушност, Кендал се појави во едиторијалот за убавина во новото издание на списанието чија тема е косата со волумен од 60-тите и 70-тите, но едиторијалот не им „легна“ добро на многубројните читатели.

“Зошто искористивте бела девојка за оваа тема покрај толку многу прекрасни црни девојки кои имаат природна афро фризура”, “Сега кога ние им се восхитуваме на афро-американките поради убавата и уникатна коса, белците имаат тенденција да имитираат сè”, “Уредниците можат да прават што сакаат, но зошто едноставно не и дозволивте на Иман да ги носи своите природни кадрици, а Кендал својата природно рамна коса? Зошто таа замена? ” се само некои од острите коментари под сликите на Vogue објавени на Instagram.

Бидејќи скандалот очигледно предизвика бура во јавноста, редакцијата на “Vouge” исто така реагираше и јавно се извини: „Идејата за овие фотографии беше да го заживеат романтичниот моден израз на фризурите од 60-тите и 70-тите, кои беа познати по волуменот и натапиран изглед. Се извинуваме доколку некого навредивме или на погрешен начин ја претставивме нашата идеја, но во секој случај тоа не беше намерно“.

Кендал се уште не реагираше на коментарите, но ова не е прв пат јавноста да  осудува некоја од сестрите Кардашијан / Џенер.  Инаку, Ким веќе неколку пати ја вознемири јавноста поради африканските плетенки кои ги носеше во неколку пригоди, а сега на ред дојде и нејзината помлада сестра. Искрено, не ја гледаме причината за толкава врева, зошто ако некој не е оптоварен со расните проблеми, тогаш тоа сигурно не се популарните ријалити сестри – кои сите се во врска или  во брак со Афроамериканци!

View this post on Instagram

Fifteen years and 150 finalists later, the @CFDA/Vogue Fashion Fund prize has created global stars, local heroes, a must-watch New York Fashion Week, and, most important, a true sense of community among designers of all ages and backgrounds—all with differing aesthetic and commercial aspirations—who communicate, collaborate, and essentially care for one another through the fun and not-so-fun times. Laura Vassar Brock—one of the founders of 2016 #CVFF winner Brock Collection—says, “We spoke to a few friends who had gone through it, and they all said the same thing: that the Fashion Fund is a life-changing experience. And indeed it was!” Tap the link in our bio to learn more. Photographed by @mikaeljansson, styled by @tonnegood, Vogue, November 2018

A post shared by Vogue (@voguemagazine) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag