На улиците на Кобург во Канада случајно поминувал еден повозрасен човек и седнал на уличното пијано да отсвири неколку ноти.
Но, не само што ја отсвирел, туку и ја отпеал една од најдобрите кавер верзии на песната „Say Something“, која досега е препеана од многумина.
Ја пее со целосна смиреност, внесеност и професионалност како да се наоѓа пред огромна публика.
Со толку многу чувства и прекрасната боја на гласот воодушевува и прави да посакате да го слушате одново и одново.