Иако звучи неверојатно, рекордот на возење по пивски шишиња е вистински, а новиот светски рекорд го поставил Германецот Luc Eikholz во Тел Авив.
Германскиот моновелосипедист Luc Eikholz, постави рекорд кога со моновелосипед возеше 8,93 метри преку 127 пивски шишиња.
Германецот на тој начин го сруши неговиот стар рекорд од 7,99 метри. Колку и тоа чудно да звучи, се работи за вистински Гинисов рекорд.
“Се чуствувам одлично. Исчезна притисокот. Сонцето свети и се е совршено”, изјавил победоносно Luc Eikholz.