Сопругот на поп sвездата Наташа Беквалац, некогашен спортист Лука Лазукиќ, пуштен е да се брани на слобода бидејќи обвинителството не одредило мерка притвор.
Лазукиќ, исто така, добил и забрана за пристап до Наташа.
“Се вратив од град и легнав да спијам. Во еден момент, Наташа ми најде преписки со три жени. Таа почна хистерично да вика, а јас ја турнав за да не ме удри. Во тој момент таа падна”, изјавил Лука на сослушувањето, пишува Курир.
Наташа има лесни телесни повреди и потрес на мозокот.
Инаку, претходно немало физики конфликти, ова е прв пат. Бејбиситерката слушнала што се случува, но не го видела нивниот конфликт.
На Лазукиќ мерката за забрана на пристап му е одредена со предупредување, дека ќе му биде одреден притвор доколку ја вознемирува Наташа.