Популарниот женски бенд Spice Girls повторно ќе се обедини на музичката сцена. Викторија Бекам се согласи да настапува, но не и да пее. Доколку настапат заедно, секоја од нив ќе добие парична надомест од 11,4 милиони евра.
Последен пат кога Спајс Грлс настапи заедно беше на отворањето на Олимписките игри во 2012 година во Лондон, а една година подоцна ги рекламирале своите производи под името Вива Форевер.
Бендот требало да се обедини уште многу порано, но Викторија Бекам била онаа која постојано се двоумела. Сè уште не е познато зошто го промени своето мислење, но секако добро би ѝ дошле 11 милиони евра само да се појавува на настап каде нема да пее.
Според британските медиуми, Спајс Грлс синоќа одржале состанок во Лондон каде дискутирале за деталите околу турнејата.