Тим научници од Универзитетот во Пиза во Италија откри дека телесната хемија која прави луѓето да бидат сексуално привлечени од своите нови партнери трае најмногу две години.
Тим научници од Универзитетот во Пиза во Италија откри дека телесната хемија која прави луѓето да бидат сексуално привлечени од своите нови партнери трае најмногу две години.
Имено, научниците открија дека кога парот преминува во фазата „стабилна врска“, почнуваат да се активираат други хормони.
Италијанските истражувачи го тестираа нивото на хормоните наречени неуротрофини во телата на волонтерите кои беа оценувани врз основа на тоа колку се страсно вљубени. Нивото на овие неуротрофини било многу повисоко кај оние кои биле во ран стадиум на вљубеност.
Кај луѓето кои се со своите партнери помеѓу една и две години, овие т.н. љубовни молекули не биле активни, и покрај тоа што врската продолжила. Научниците открија дека молекулот на страста бил заменет со т.н. хормон за гушкање – окситоцинот – кај паровите кои биле заедно повеќе години.
Психолозите предупредуваат дека оваа промена на хормонално ниво погрешно се гледа како негативна и дека паровите не треба да бидат загрижени кога првиот бран на страствена љубов ќе избледнее, бидејќи како што покажува ова истражување, промената од страствена вљубеност во фаза на милување се должи на оваа промената на хормоните.