Да се биде дел од една од најпознатите модни ревии која се одржува секој декември е тешко.
Добро е познато дека моделите на Викторија Сикрет изгледаат беспрекорно, а една од ангелите Тејлор Хил го откри режимот на исхрана што се спроведува еден месец пред спектаклот. На манекените им е строго забрането конзумирање на сите млечни производи, започнувајќи еден месец пред ревијата. Покрај секојдневната физичка активност, диетата вклучува исфрлање на сите млечни производи од исхраната.
“Нема сирење, нема млеко … а она што е најтешко за мене се неделите без пица и макарони со сирење, кои едноставно ги обожавам”, рече Тејлор. Сепак, моделот тврди дека исфрлувањето на млечните производи од исхраната не е толку лоша работа: “По две недели забележувам дека мојата кожа е многу попријатна и почиста”, вели таа.
Нивната исхрана се базира на добри масти и протеини, како и ниска содржина на јаглени хидрати. Максималниот број на калории што можат да се внесат дневно изнесува 1300.
Моделите добиваат совети од специјалистите за храна, во секој оброк да јадат повеќе пилешко, говедско месо или риба, или во замена јајца (околу три). Забрането е млекото и глутенот, како и зеленчукот што расте под земја, бидејќи се смета дека потешко се вари.
Шеќер, исто така, не смее да се јаде, вклучувајќи и овошје. Дозволени се само бобинки, што се препорачува да се консумираат два пати на ден.
Манекенките наутро прво вежбаат на празен стомак, дозволени се само вода и кафе, а по тренингот пијат протеински шејк.
Последниот оброк треба да биде до 18 часот, а алкохолот е апсолутно забранет. Манекенките спијат помеѓу седум и девет часа во ноќта и пијат од два до четири литри вода.