Погледнете го трејлерот за да разберете зошто луѓето се жалат на социјалните мрежи!
Марвел го објави првиот трејлер за филмот “Капетан Марвел”, а сите што го погледнаа имаат само еден коментар – кутрата бабичка!
Наместо за филмот во кој гледаме “жена лидер”, на кој се чекаше и чекаше – сите на социјалните мрежи зборуваат само за овој момент и за фактот дека Марвел “конечно” доби “суперхерој, кој тепа баби”. Не грижете се – бабата е Скрал, вонземјанин кој ја менува формата и има една мисија – инвазија на Земјата.
Бри Ларсон ја глуми Капетан Марвел, вистинско име Керол Денверс, тука е и “младиот” и посакуваниот Ник Фјури, потоа Мар-Вел Џуд Лу … но да не должиме, кликнете за да ја видите ТАА сцена!