Јапонците се познати како долговечен народ, а жените од овој дел на светот се познати како најмладолики. Нивната тајна е во оризот.
Оризот е богат со линолска киселина и сквален, силен антиоксиданс кој го стимулира производството на колаген и ја забавува појавата на брчки.
За приготвување на оваа маска потребни се три состојки:
- 3 лажици ориз
- 1 лажица млеко
- 1 лажица мед
Сварете го оризот. Водата во која сте го вареле оризот оставете ја на страна. Помешајте ги оризот и млекото, па додадете го и медот. На исчистено лице нанесете ја маската. Исплакнете ја со водата во која се варел оризот.
Маската ќе ја хидратизира вашата кожа, ќе ги отстрани брчките, а антиоксидансите кои се наоѓаат во водата во која се варел оризот благотворно делува на кожата.