Таткото и синот што ги мразевме!

popara25 септември, 20181min00
х

Имаше многу злобни ликови во “Хари Потер”, но ова дуо посебно им одеше на нерви на многу луѓе. Меѓутоа, актерите покажаа како во вистинскиот живот и ден денес се обожаваат!

Актерот Џејсон Ајзак (55) на својот профил на Instagram ја објави сликата во чест на колегите од “Хари Потер” и неговиот “омилен син” Том Фелтон, кој наполни 31 година. Џејсон го глумеше злобникот Луциус Мелфој, додека Фелтон беше неговиот озлогласен син Драко, главен противник на Хари во училиштето.

“Среќен роденден на мојот омилен син. Ја уништи репутацијата на името Мелфој со тоа што израсна во прекрасна личност и просечен гитарист. Срам ми е и се гордеам”, напиша актерот во описот на фотографијата каде што се прегрнати на едната, а на другата како што изгледаа во филмот.

Очигледно е дека љубовта меѓу актерите “цвета”, иако на екраните имаа проблеми со семејните односи.

Покрај “Хари Потер”, Том го видовме во филмовите “Rise Of The Planet Of The Apes”, “Belle” и “A United Kingdom”. Исто така, се занимава и со музика, и веќе издаде албуми и песни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag