Тејлор Свифт повторно победи на натпреварот American Music Awards, освојувајќи ја по четврти пат наградата за уметник на годината, која ја искористи за нов политички потег во кој ги повика своите фанови да излезат и да гласаат на изборите на Конгресот и Сенатот, кој ќе се одржи на 6-ти ноември.
Свифт, 28-годишна поп-ѕвезда, неодамна предизвика бурни реакции во САД, бидејќи таа во својата прва јавна политичка изјава објави дека на изборите во ноември ќе го поддржи демократскиот кандидат. Во вторникот, на публиката која присуствуваше на доделувањето на American Music Awards во Лос Анџелес и милионите гледачи кои го гледаа шоуто од дома, им порача да излезеат и да гласаат.
“Оваа награда и секоја награда која е доделена вечерва беше изгласана од луѓето, а знаете за што уште гласаат луѓето”, праша Свифт при земањето на трофејот во раката и веднаш одговори: “Изборите на 6-ти ноември. Излезете и гласајте. ”
Четвртиот трофеј за уметник на годината, кој се доделува врз основа на гласовите од публиката, Свифт го доби со победување на раперите Дрејк и Пост Мелоун, британскиот коавтор Ед Ширан и рок-групата Imagine Dragons.
Таа освои уште три награди – за најдобар женски поп-артист, најдобра турнеја и најдобар поп албум за ” Reputation “, најпродаваниот албум изминатата година.