Тексасот никогаш не излегува од мода и е постојано присутен – ако погледнете наназад низ годините, тексас парчињата се секогаш тренди.
Тексасот е задолжително парче за секоја сезона, но кога времето е потопло, ни остава повеќе простор за експериментирање со различни стилови. Добрата работа со тексасот е што никогаш не излегува од мода. Ако погледнете наназад низ годините, тексас парчињата се секогаш присутни и тренди.
Иако старите модни правила велеа дека е забрането комбинирање на горен и долен дел од тексас, новото модно правило е – прекршете ги сите правила! Можете да комбинирате стар тексас со нов тексас, тексас и чипка, тексас и кожа…изборот е бесконечен! Со тексасот е лесно да изгледате добро – но изберете горен и долен дел во иста нијанса, или горен дел од посветол, а долен од потемен тексас. Инспирирајте се од комбинациите подолу: