Иако до неодамна имаа пријателски однос, по венчавката, Меган Маркл на сите можни начини се труди да ја импресионира кралицата Елизабета и токму тоа била причината за кавга.
Се чини дека односот помеѓу Кејт и Меган, од пријателски прераснал во натпреварувачки, бидејќи според пишувањето на британските медиуми, наводно Кејт Мидлтон одбива да и помогне на Меган да се прилагоди на животот во кралското семејство.
Според таблоидите, кои се повикуваат на извори блиски до кралското семејство, принцовите Вилијам и Хари се сосем рамнодушни на ваквиот натпреварувачки однос меѓу нивните сопруги.