ТОП 3 јакни и мантили без кои доаѓањето на есента е незамисливо!

popara6 септември, 20181min00
moda

ТОП 3 јакни и мантили без кои доаѓањето на есента е незамисливо!

Иако летото се смета за најомилен дел на годината, меѓу љубителите на модата и трендовите есента е поомилена, бидејѓи тогаш започнува сезоната на сосема нов начин на облекување и во прв план се ставаат фаворизираните IT јакни, мантилии капути.

Ако сте вистинска “модна жртва”, сигурно ви е познато чувството на возбуда кога доаѓаат поладните денови, а излегувањето од дома во раните утрински часови повлекува со себе извлекување на омилената кожна јакна или лежерно капутче од длабочините на вашиот гардеробер. Атрактивните јакни познати како парки, кожни мантили и класичните trench мантили, се висококвалификувани на листата за оваа есен и без нив не може да се замисли ниту еден изглед.

Штом дојде тој прв студен ден, дали постои подобро модно парче, кое лесно ќе се навлече преку блуза или дуксер, споен со заводливо цветно плисирано миди-здолниште, кое овој пат ја преживува транзицијата од летната сезона во есен.

Оваа есен, сигурно ќе се најдете во потрага по јакни со појас што најдобро ќе го истакнат вашиот струк, trench мантилот кој ќе биде парче кое дава изјава, и удобна и беспрекорно стилизирана ветровка за деновите кога ветерот е нешто поинтензивен, а обврските бараат многу пешачење.

Ова се апсолутни IT парчиња што мора да се најдат во секој гардеробер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag