Компирот е супер храна која содржи многу витамини, одличен е за здравјето, но и за убавината. Освен тоа што со негово консумирање внесуваме витамини кои и се потребни на кожата, може и да направите хранливи маски за кожа и коса кои ќе го подобрат нивниот квалитет.
Лосион за коса
Овој лосион ќе го врати сјајот на косата, а со редовна употреба и ќе ја затемни за една нијанса бојата на косата. Лосионот е добар за нега на косата, а и за нега на кожата на главата. Потребно ви е:
– една шолја лушпи од компир
– 2 шолји ладна вода
– 2 капки етерично масло од рузмарин
– 1 лажичка алкохол
Лушпите од копмирот ставете ги во еден сад за варење и посипете ги со водата. Варете ги 5 минути. Оставете 5-10 минути да се излади, па процедете ја течноста. Измешајте го етеричното масло и алкохолот и додајте ги. Со овој лосион масирајте ја косата и кожата на главата. Нема потреба да го измивате лосионот.
Маска од компир за сува и чувствителна кожа
Изрендајте ситно еден компир, во него ставете една жолчка и една лажичка маслиново масло. Со оваа смеса премачкајте го лицето и оставете да делува 20 минути. Измијте се со ладна вода.