„Три пати ме откачи и ми го скрши срцето“

popara24 септември, 20181min00
р

Сопругата на пејачот открила колку нејзиниот познат сопруг бил „лоша личност“.

Сопругата на пејачот Роби Вилијамс, Ејда Филд, покрај него, е меѓу членовите на жирито на британскиот X Фактор, и не се срами да каже што мисли или во овој случај – каков бил Роби во почетокот на нивната врска.

Во рамките на вечерта кога беа финалните аудиции, настапи младата Клои Џејн Мекалистер (18), која им рече на судиите дека ќе ја пее песната “Say you love me” од Џеси Вер, бидејќи сака “емотивна музика”.

“Сакам емотивна музика, нешто што има значење. А, сите ние минавме низ љубовни маки”, истакна Клои.

На тоа Ејда веднаш надополни: “Роб ми приреди некои љубовни маки, ме остави три пати. Веројатно ќе ја почувствувам оваа песна”, изјави Ејда и ги шокираше другите членови на жирито.

“Каков лош човек, знам дека сите сега тоа го мислите”, додала таа мирно.

Со оглед на тоа што многу им се допадна како натпреварувачката ја изведе песната, Ејда заклучи:

“Го почуствував тоа скршено срце, дури толку многу што Роб ќе спие на каучот вечерва, бидејќи ме потсети на тоа колку беше лош спрема мене”.

Роби и Ејда заедно имаат три деца, бидејќи неодамна открија дека добија трета ќеркичка преку сурогат мајка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag