Дали можеби сте вежбале јога со вашата најдобра пријателка? Ние знаеме дека тренинзите се секогаш полесни во пар, а сега тоа го сфатија и социјалните мрежи , бидејќи twin јогата е најновиот тренд хит во вежбањето.
Ја сакаме јогата, но исто така сакаме да поминуваме време со нашата омилена пријателка или можеби колешка. Ако одењето во теретана и вежбањето ви претставуваат проблем, време е да тргнете во акција со вашата најдрага женска личност.
Twin јогата, освен што е забавна, ви гарантира квалитетно поминато време со личноста која ја обожавате. Овој тип на јога се практикува со партнер, синхронизирано и во огледало.
Се разбира, овој тип на јога на фотографиите изгледа феноменално и не е ни чудо што Instagram е преплавен со овој нов тренд. Освен што синхронизацијата изгледа естетски убаво, исто така е одлична како дополнителна мотивација.