Светски познатата џетсетерка, Парис Хилтон била жртва на хакерски напад, поради кој останала без над 100.000 долари, но украдени биле и голем број нејзини голи фотографии. Хакерката Пејтсар украла голем број голи фотографии на Хилтон и нејзиното тогашно момче, меѓутоа не е познато што направила со нив.
Освен Хилтон, хакерката Пејтсар меѓу 2015 и 2017 година, преку Интернет „ограбила“ уште две лица. Таа ги хакирала банкарските сметки на старлетата и ги користела нејзините кредитни картички за да плати дочек на Нова година во 2015 година во холивудскиот хотел „Рузвелт“. Само за таа ноќ таа потрошила 40.000 долари од сметката на Парис.
Хакерката била уапсена минатата година. Ја признала вината за измамата со банкарските сметки и картичките, а казната ќе биде изречена во понеделник.