Во Копенхаген неодамна заврши уште едно издание на Модна недела, каде што го привлече вниманието стилот на жители на главниот град на Данска …
Прошетавме низ улиците на главниот град на Данска, во која пред неколку дена заврши модната недела.
Инаку, во светот на модата стилизираните Данкињи и други скандинавски девојки се меѓу најопуштените дами во светот кои сакаат слоевито облекување, но, исто така, и минимализам. Со нивниот уличен стил доминираат голем број на преголеми костуми, сакоа и мантили, фустани до колена во најинтересни дизајни, но, исто така, тексас бермуди, велосипедистички хеланки и апостолки и папучи.
Оние кои не се одлучија за креации украсени со кариран дезен, точки, животински или цветни шеми може да се видат во минималистички еднобојни фустани кои го привлекуваат вниманието со асиметричните кроеви и интересни детали.
Меѓу владетелите на стилот се уште се популарни рогобатните патики, но опасно им се приближуваат kitten heel моделите на куќата Balenciaga Knife, како и midi чизмите Céline Madame.