Во претстојната сезона, ќе имаме можност да носиме џинс сосема поинаку отколку што сме навикнати и едвај чекаме!
Дали некогаш сте помислиле дека ќе носите тексас здолниште или комбинезон за време на есенските денови?
Со задоволство ве известуваме дека ќе ги носите овие модни трендови до првите ладни денови, па не размислувајте премногу, туку збогатите го гардероберот со следниве тексас парчиња, кои се неизбежни во следната сезона.
Малку ќе експериментираме со кроевите, дезените, но сигурно модно и стилски ќе се забавуваме и затоа погледнете ги нашите предлози подолу.
Асиметрични здолништа
Најдобро од се – можете да ги направите од стари фармерки!
Фармерки позајмени од момчето
Не, не се шегуваме! Искористете го џинсот кој веќе не го носи, однесете ги на преправка и имате нови boyfriend фармерки! Или ако ви е поедноставно или помило купете класичен машки џинс.
Бохо тексас здолништа
Доколку не сакате многу едноставно тексас здолниште, најдете или сами извезете некои мотиви и ќе добиете уникатно парче кое оди скоро со се.
Тексас комбинезон
Практично, привлечно, модерно и must have за првите есенски денови!