Вашата кожа може да ви открие скриени болести

popara13 август, 20181min00
KO

Понекогаш изгледот на лицето може да открие какви здравствени проблеми имате.

Деликатната кожа на лицето е како огледало што се одразува на органските промени, размената на материите, крвниот притисок, па дури и намалување на способноста за одбрана од болести. Тоа е причината зошто докторите се повеќе обрнуваат внимание на изгледот на телото и кожата – особено на лицето – каде што се највидливите, но и првите знаци за алармирање на организмот.

Така, на пример, кожата која ја менува бојата, па се повеќе наликува на бледо бело кафе ни открива дека бубрезите не работат како што треба. Жолтеникава кожа ја открива дисфункцијата на црниот дроб и жолчката, и темно румено лице со видливи вени може да биде знак дека вашиот крвен притисок е премногу висока.

Дури и брчките, овие општи знаци на изминување на времето, може да значат нешто друго: длабоки, остри линии, кои одат од носот до краевите на усните покажуваат проблеми со работата на желудникот. Голем број на многу мали брчки на лицето на релативно млади жени можеби укажува на нерамнотежа во лачењето на хормони.

Дијабетес може да се идентификува со промени на кожата, така што искусен лекар тогаш го упатува пациентот на повеќе детални прегледи. И ние знаеме колку е важно да се утврди болеста порано, особено шеќерот.

И потта, која се јавува на кожата е важен водич на лекарите во дијагностицирање на многу нарушувања во телото. Луѓе кои одеднаш почнуваат да се потат во голема мера, за таа појава мора да го алармираат  лекарот.

Првут се смета за непријатна појава и малкумина знаат дека ги открива предавнички лошите навики во исхраната: премногу масти и шеќер на менито!

Кожата одразува и некои психолошки промени: луѓето кои живеат под стрес или се депресивни имаат сивкаста боја, додека среќно заљубените стануваат затегнати, брчките се губат, образите добиваат здрава румена боја, бидејќи благодарение на лачењето на половите хормони кожата подобро ја задржува влагата, па таа е поубава и изгледа прекрасно.

Погледнете критично во огледалото и кој знае што друго ќе откриете!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma