![maska](https://popara.mk/wp-content/uploads/2018/10/maska-e1540307009749.jpg)
Толку е вкусна што ќе посакаме да ја изедеме.
Кој од нас дома нема неколку банани? Ова овошје е совршено за смирувачка маска за лице која ефикасно ќе го отстрани мрсниот сјај од лицето.
Еве што ви е потребно за неа:
- 1 банана, по можност зрела (можете зрелата банана да ја чувате во замрзнувач, а пред употреба треба да се остави да одмрзне)
- 1 лажица мед
- портокал или лимон
Подготовка:
Измешајте ги бананата и медот заедно. Додадете неколку капки сок од портокал или сок од лимон.Нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 15 минути, а потоа отстранете ја со помош на ракавица која ќе ја натопите во ладна или топла вода, а потоа добро ќе ја исцедите.