
На Велики Четврток од Исус се откажаа двајца негови ученици – Јуда Искариотски и Симон Петар. Првиот го продаде за 30 сребреници, а вториот се откажа плашејќи се за својот живот. Подоцна Јуда се обеси, а Петар искрено се покаја…
На овој ден Исус ги изми нозете на своите апостоли. Ни покажа дека најголемите меѓу нас се оние што се понизни, оние што не носат гордост и надменост во своето срце, оние кои им служат на другите, оние кои се грижат за другите, оние иако најголеми, ќе се наведнат и ќе подадат рака на најмалиот меѓу нас…
Кога им ги мие нозете исус вели: „Кој сака да биде прв, нека биде последен”, давајќи се Себеси за пример. Се чини дека Христос најнапред му ги измил нозете на Јуда, кој без срам беше го зазел првото место. На крајот доаѓа до Петар. Но овој, бидејќи најревносен од сите, Му забранува, но на крајот пак Му дозволува да му ги измие нозете. Откако им ги изми нозете и покажа колку високо можеме да се издигнеме преку смирението, ги зеде повторно Својата облека и Своето место на трпезата, ги поучи да се сакаат еден друг, но да не бараат власт, позиција, богатство…