Две фантастични актерки се здружија да ја пренесат оваа приказна на големото платно.
“Ја натераа да зема лекови. Ова е во врска со правото на секој човек да одбие такво нешто”.
“Sony Pictures” го објави трејлерот за филмот “55 Steps”, кој зборува за вистинската приказна за една жена по име Еленор Риз, ментално болна пациентка која за прв пат започна судска битка да им се даде право на избор на компетентните пациенти во врска со тоа дали ќе примаат лекови додека се во болница.
Сегашниот наслов – “55 Steps” се должи на бројот на скали во болничкото лоби.
Хелена Бонам Картер го толкува ликот Еленор, додека Хилари Свонк е адвокатката Колет, која ја застапува Еленор и со текот на времето стануваат пријателки.